Wednesday, May 22, 2019

                                              Култура


      Во Струмица се одржуваат повеќе манифестации од кои:

  • Интернационалниот филмски фестивал АСТЕРФЕСТ, кој традиционално се одржува кон крајот на мај при што се доделуваат награди на странски и домашни филмски автори за кратки/документарни филмови.   
  • Струмичкиот карневал кој се одржува секоја година 40 дена пред големиот христијански празник Велигден, во вторникот по Прочка;
  • Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ кој започнува на 8 септември, а бројот на театарски претстави и времетраењето на фестивалот се менуваат секоја година.
  • Меѓународната ликовна колонија, која се одржува секоја година од 1 до 20 август, а во секоја нејзина сесија во просек, работат по дваесетина ликовни творци, претставници на различни културни средини и ликовни тенденции, правци и преокупации.
  • Струмица Опен Фестивал - манифестација на која присуствуваат познати музички икони, ликовни уметници и поети.


No comments:

Post a Comment